skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Орце се жалел, а Заев пријавувал за можниот рекет на бизнисмени?
Далгариан: Мицотакис ќе го блокира Скопје, онолку колку што ќе му дозволат НАТО и ЕУ
СИРИЗА: Среќно враќање во реалноста за Нова демократија
Димитров: Европеизацијата на Северна Македонија ќе биде позитивно и за Грција
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Гевгелија подготвена за кошаркарскиот Куп на Македонија

Гевгелија подготвена за кошаркарскиот Куп на Македонија
  • 11.02.2019

Се е подготвено за завршните натревари од годинешниот кошаркарски Куп на Македонија, кој од петок од недела ќе се одржи во Гевгелија. Осум екипи во машка и четири во женска сениорска конкуренција ќе се надигруваат за престижните трофеји.

Првиот човек на Гевгелија, градот домаќин на завршницата, градоначалникот Сашко Поцков, најави беспрекорна организација и исполнување на салата до последно место.

„Благодарност од мое име и од Гевгелија што сме почестени да се одржи Купот. Знам со сигурност дека ќе биде одлично. Имаме два клуба во Првата лига. Посакувам локално финале Блокотехна – Кожув и верувам дека салата ќе биде исполнета до последното место. Но, пред се, посакувам фер-плеј и добра кошаркарска атмосфера“, истакна Поцков, на денешната заедничка прес конференција на сите учесници на завршницата.

Генерално, Купот за главните актери секогаш е посебен предизвик. Простор за калкулации нема, а искуставата велат дека секој, секого може да победи, па затоа однапред  не фаворизираат потенцијален освојувач на трофејот. Билетите во продажба стартуваат од вторник. Блок-влезници за четирите четвртфинални средби чинат 200 денари, додека полуфиналето и финалето е по 100 денари. Кај дамите влезот е бесплатен.

В петок се играат четвртфиналните натпревари. Победниците од дуелите Блокотехна-Охрид и Гостивар – Фени Индустри ќе го дадат првиот полуфинален пар, додека втората полуфинална двојка ќе ја сочинуваат подобрите од дуелитеРаботнички – Куманово и МЗТ Скопје Аеродром – Кожув.

Полуфиналните натпревари се играат в сабота, за кога се закажани и полуфиналните дуели кај дамите Бадел – Струга и Вардар – Работнички.

Недела е ден за финалните пресметки во двете конкуренции. Титулите од лани ги бранат МЗТ Скопје кај мажите и Вардар кај жените.

КОШАРКА, КУП НА МАКЕДОНИЈА 2019

ПЕТОК – ЧЕТВРТФИНАЛЕ, МАЖИ:

13:00 Блокотехна – АВ Охрид

15:15 Работнички – Куманово 2009

17:30 МЗТ Скопје Аеродром – Кожув

20:00 Гостивар – Фени Индустри

САБОТА – ПОЛУФИНАЛЕ, ЖЕНИ:

12:00 Бадел 1862 – Струга 2009

14:15 Вардар – Работнички

Back To Top