skip to Main Content

ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати во Собранието кога точката за интерпелација ќе биде на дневен ред

ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати во Собранието кога точката за интерпелација ќе биде на дневен ред
  • 03.04.2018

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев денеска повтори дека опозицијата ќе се врати во Собранието кога барањето за интерпелацијата на Владата ќе биде ставено на дневен ред.

Партискиот координатор истакна дека е во тек изработката на документот со кој ќе се поднесе интерпелацијата.

-Верувам дека тој документ набрзо ќе биде изготвен и ќе биде поднесен до службите на Собранието на Република Македонија и очекуваме после тоа во деловнички рок, Талат Џафери да ја закаже седницата на која што ќе побараме доверба на владата, потенцираше Данев.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ очекува широка поддршка од пратениците на барањето за доверба на владата. Исто така, Данев додаде оти во завршна фаза се и преговорите за реформските закони.

Back To Top