skip to Main Content

(ВИДЕО) 1ТВ на отворањето на галеријата „Колектив“ – уметниците добија простор за неограничено изразување

(ВИДЕО) 1ТВ на отворањето на галеријата „Колектив“ – уметниците добија простор за неограничено изразување
  • 26.10.2018

Мултимедијалната изложба „Dysfunction of progress“, како спој на фотографии, скулптури и видео- приказни, е само увертира на приказната за галеријата „Колектив“, која синоќа беше и официјално отворена. Со ова скопската авангарда доби простор за неограничено изразување во срцето на градот. Со првата заедничка изложба, младиот брачен пар, Горазд (скулптор) и Стефани (фотограф) го „пробија мразот“ во галеријата и најавија отворена соработка со уметниците кои трагаат по простор за нивните креации.

Сместена на градскиот плоштад, во просториите на „Сити Галери“ – галеријата „Колектив“, освен како изложбен ќе функционира и како простор за настани, перформанси, проекции, работилници – во служба на уметноста.

Погледнете дел од атмосферата на отварањето на галеријата „Колектив“:


 

Back To Top