skip to Main Content

Венеција поплавена, но туристите среќни!(ФОТО)

Венеција поплавена, но туристите среќни!(ФОТО)
  • 30.10.2018

Италија се бори со силни ветрови и поројни дождови, што го сменија и вообичаениот лик на Венеција.

Зголеменото ниво на вода ги поплави славните плоштади и шеталишта и властите велат дека 75% од градот моментално е под вода. Централниот плоштад „Свети Марко“ беше затворен вчера, откако нивото на водата ја достигна критичната точка од 156 сантиметри, што е четврто највисоко ниво регистрирано во историјата.

И покрај тоа, голем број луѓе, како туристи, така и локални жители, не дозволија ова да им го упропасти денот, па облекоа високи гумени чизми за да се пробиваат низ водата. На некои места се поставени и дрвени штици за полесно поминување.

Метеоролозите најавуваат дека лошото време ќе продолжи, па властите ги предупредија граѓаните да бидат подготвени за дополнителни прекини во сообраќајот и услугите.

Back To Top