Ван Дер Берг е првото летно засилување за Ливерпул

Деветнаесетгодишниот холандски стопер кој досега беше дел од тимот на Цволе, Сеп Ван Дер Берг е нов играч на Ливерпул. Дефанзивецот пристигнува на Енфлилд во трансфер вреден 1.9 милиони евра, и Ван Дер Берг е доведен за да биде пред се иднината на клубот. Тој во Холандија веќе е наречен наследник на Де Лихт по кого е тргната булквално цела Европа, а ете Ливерпул на време го „осигура“ неговиот наследник.
Ван Дер Берг е стандарден за Холандската репрезентација до 19. години за која има забележано веќе десетина настапи. Сепак, јасно е дека тој во претстојната сезона тешко дека ќе се најде во прв план, а можно е да заигра и за вториот односно У23 тимот на Ливерпул. Сепак, најбитно за Ливерпул е што Ван Дер Берг е негов член, затоа што по него летово сериозно беа тргнати ПСВ, Баерн и Ајакс.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.