skip to Main Content

Амбасадорката Суомалаинен: Да се искористи позитивниот моментум за напредок на Македонија

Амбасадорката Суомалаинен: Да се искористи позитивниот моментум за напредок на Македонија
  • 04.04.2018

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Нина Суомалаинен, амбасадорката на ОБСЕ во заминување, поради завршувањето на нејзиниот мандат во земјава.

На средбата се разговараше за реформските усогласувања во различните области согласно извештаите на ОБСЕ, за актуелната политичка ситуација во нашата држава и за интеграциските перспективи на Република Македонија.

Заеднички е заклучокот дека реформите и добрососедските политики со пријателски и конструктивен дух се голем придонес во напредокот на државата и дека овој позитивен моментум треба да се искористи за понатамошни исчекори.

„Работиме на заокружување на реформскиот процес, којшто е важен за ЕУ и НАТО, но и за квалитетот на живот на граѓаните, низ инклузивни политики. Работиме и на развој на добрососедските односи и на затворање на билатералните прашања што стојат на патот на евро-атлантскиот пат на Македонија. Градиме општество со еднакви права и шанси за сите. На меѓународен план сме позиционирани на страната на мирот, против тероризмот и насилниот екстремизам. Очекувам позитивен период за Република Македонија, датум за почеток на преговори со ЕУ и покана за членство во НАТО“, информираат од владината прес служба.

Амбасадорката  на ОБСЕ, Нина Суомалаинен, додала дека организацијата останува поддржувач на демократските процеси во нашата држава и отворена за сите експертски потреби на земјата и граѓаните.

 

 

Back To Top