skip to Main Content

1ТВ од Брисел – ЕПП и Социјалдемократите и понатаму најбројни во ЕП

1ТВ од Брисел – ЕПП и Социјалдемократите и понатаму најбројни во ЕП
  • 27.05.2019

Изборите за Европскиот парламент, кои во повеќето европски држави беа одржани вчера, покажаа јакнење на вербата на граѓаните во демократскиот процес, изразено преку поголемата излезност, но и подобри резултати на екстремните и популистичките партии, иако под очекувањата од пред изборите. Според проекциите за идниот состав на Европарламентот, направени врз основа на делумните резултати од државите членки, два најсилни партии остануваат Европската народна партија и социјалистите. На оваа тема од Брисел известуваше уредникот Борјан Јовановски.

-Европските избори и покрај најавите за драматични промени во новата структура на Европскиот парламент завршија добро во однос на иднината на европската конструкција. Проевропските партии од разни бои освоија повеќе од две третини од 751 пратеничко место во новиот состав на парламентот. Европската народна партија останува прва, социјалистите како досега втори, либералите трети и зелените четврти. Она што е важно за нас во позитивна смисла е дека победниците на овие избори се поддржувачи на процесот на проширувањето, извести Јовановски.

Целиот извештај на Борјан Јовановски од Брисел можете да го погледнете во видеото.

Back To Top