skip to Main Content

Џонсон: Има огромен напредок кон договорот за Брегзит

Џонсон: Има огромен напредок кон договорот за Брегзит
  • 15.09.2019

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека има огромен напредок кон постигнување договор за Брегзит меѓу ЕУ и Велика Британија, пренесува весникот „Мејл од Сандеј“.

-Кога дојдов на функцијата сите зборуваа дека апсолутно не  е можна никаква измена на договорот. Тие (лидерите на ЕУ) го сменија мислењето и како што гледате сега се води многу добар разговор околу проблемот како да се третира границата со Северна Ирска. Има огромен напредок, рече Џонсон.

ЕУ и Велика Британија не можат да се согласат околу тоа како да го избегнат повторното воспоставување физичка граница меѓу Ирска, држава членка на ЕУ и Северна Ирска, по Брегзит. Лондон ја отфрла безбедносната мерка која е вклучена во сегашниот договор, таканаречениот бекстоп, додека ЕУ смета дека е тоа неопходно, бидејќи не постои друга посигурна алтернатива.

Бекстоп предвидува Велика Британија да остане во единствениот царински пазар со ЕУ доколку не се најде подобро решение, по истекот на преодниот период.

-Ќе има многу работа до 17 октомври, рече Џонсон во освртот на последниот самит на ЕУ пред излегувањето на Велика Британија од Унијата, предвидено за 31 октомври. „Но, јас на тој самит ќе одам и ќе добијам договор. Навистина имам надеж. А ако не добијам договор, па ние на 31 октомври ќе излеземе“, додаде Џонсон.

Тој веќе ја отфрли идејата да бара тримесечно одложување на Брезгит, на што го обврзува минатонеделното гласање во британскиот Парламент, со кое се спречува излегување од ЕУ без договор.

Џонсон утре треба да се сретне со претсдателот на ЕК во заминување Жан Клод Јункер и европскиот претставник задолжен за Брегзит, Мишел Барние.

Back To Top