skip to Main Content

Јужна Кореја размислува да ги прекине воените вежби со САД

Јужна Кореја размислува да ги прекине воените вежби со САД
  • 14.06.2018

Јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин изјави денеска дека таа држава би можела да разгледа прекин на заедничките воени вежби со САД во обид да помогне за изградба на доверба и намалување на тензиите со Северна Кореја.

– Мун смета дека доколку Северна Кореја усвои мерки за денуклеаризација и ако продолжи со искрен дијалог меѓу двете Кореи, како и Северна Кореја и САД за намалување на непријателските односи, државата мора да го промени притисокот врз Северна Кореја во духот на изградба на меѓусебна доверба, како што е договорено во декларацијата од Панмунџом, се вели во соопштение од Кабинетот на Мун.

Јужнокорејскиот претседател тоа го изјавил на седница на Националниот совет за безбедност и додал дека Јужна Кореја мора да продолжи со блиската соработка со САД. За самитот Трамп-Ким, Мун Џае Ин рекол дека помогнал регионот да влезе во ера на дијалог, мир и просперитет.

Воени претставници од двете Кореи почнаа преговори за намалување на тензиите на силно обезбедуваната граница и прекинувањето на заедничките воени вежби со САД е едно од барањата на Пјонгјанг.

Санкциите против Северна Кореја остануваат до целосната денуклеаризација

На Северна Кореја нема да и биде укината ниедна економска санкција додека не докаже дека целосно се денуклеаризирала, изјави државниот секретар на САД Мајк Помпео.

Тој ги негираше објавите на севернокорејските државни медиуми дека САД ќе прават постепени отстапки истовремено со напредокот на Пјонгјанг.

Инаку вчера норвешки научници го предложија американскиот претседател за Нобеловата награда за мир.

Back To Top