skip to Main Content

Јапонскиот премиер потврди дека се подготвува средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун

Јапонскиот премиер потврди дека се подготвува средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун
  • 16.06.2018

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе го повика денеска севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун да надминат взаемна недоверба и потврди дека се подготвува средба на врвот.

Во телевизиско интервју Абе појасни дека „по различни канали“ владата прави напори за организирање средба со Ким. Според јапонски медиуми, на средбата Трамп-Ким во вторникот, Ким изразил подготвеност за средба со јапонскиот премиер.

– Сакам да направам чекор напред и да се реши проблемот веднаш штом секој од нас ќе надмине взаемна недоверба, изјави Абе и додаде дека се чувствува силно одговорен за решавање на прашањето.

Јапонскиот премиер веќе изрази јавно подготевност за средба со Ким.

Според весникот Јомиури Шимбун јапонскиот министер за надворешни работи разгледува разговори со севернокорејскиот колега за време на средбата на АСЕАН во Сингапур во крајот на јули.

Во телевизиското интервју Абе изјави дека е подготвен за учество во финансирање на нуклеарното разоружување на Северна Кореја.

Back To Top