skip to Main Content

Штрајк на таксистите во Грција

Штрајк на таксистите во Грција
  • 08.11.2018

Грчките таксисти денеска почнаа 12-часовен штрајк во знак на протест против, како што истакнуваат, нелојалната конкуренција од страна на операторите на услуги за споделено патување.

Оваа година, Грција наметна построги регулативи, вклучувајќи наметнување апликации на операторите за лиценца за споделено патување и лиценцирани таксисти.

Поради тоа, компанијата Убер најави дека ќе ја прекине својата работа во земјата.

Синдикатот на грчките таксисти повика на штрајк за денеска од четири часот до 16 часот, истакнувајќи дека многу  такси-оператори продолжиле да нудат нелиценцирани услуги.

Синдикатот опфаќа околу 50.000 таксисти.

На улиците на Атина денеска не се забележуваат жолтите такси возила, кои вообичаено се присутни во главниот град.

Back To Top