skip to Main Content

Штрајкови во Грција против приватизација на електрецентрали

Штрајкови во Грција против приватизација на електрецентрали
  • 23.04.2018

Со прекини во снабдувањето со електична енергија во целата земја, синдикатите на вработените во енергетиката во Грција од синоќа почнаа 48-часовни протести поради најавената приватизација на електроцентрали и јагленокопи во државата.

Во рамките на протестните акции струјата последователно ќе се запира, а синдикатите уверуваат дека „снабдувањето со електрична енергија во земјата ќе биде без проблеми“.

Од синоќа биле исклучени неколку термоелектроцентрали, а и три блока на електроцентрали на јаглен.

Штрајковите се организираат затоа што оваа недела се очекува грчкиот Парламент по брза постапка да го усвои законот за продажба на електроцентрали и рудници.

Протести денеска се очекуваат во Лерин, северна Грција, како и во реонот на Мегалополи, на полуостровот Пелопонез, во јужниот дел на земјата, каде се наоѓаат електроцентралите кои треба да се продадат.

Продажбите се во рамките на приватизацијата која ја бараат меѓународните кредитори на Грција, со цел либерализација на пазарот на струја.

Back To Top