skip to Main Content

Шри Ланка блокираше пристап до социјални мрежи по напади врз муслимани

Шри Ланка блокираше пристап до социјални мрежи по напади врз муслимани
  • 13.05.2019

Властите во Шри Ланка   објавија денеска дека привремено блокирале некои социјални мрежи и апликации за пораки, вклучувајќи ги и Фејсбук и Ватсап, по напади врз продавници на муслимани и џамии.

Илјадници луѓе фрлаа камења врз џамии и   продавници на муслимани, а еден човек беше претепан во градот Чилав на западниот брег по дебата на Фејсбук.

Властите велат дека го уапсиле креаторот на содржината на Фејсбук, тој е 38-годишниот Абдул Хамид Мохамед Хасмар, чиј коментар „еден ден ќе плачете” беше протолкуван како закана.

Властите уапсија група луѓе во областите Кулијајапија и Думаласурија, доцна во неделата и рано денеска заради напади врз продавниците во сопственост на муслимани.

Зголемувањето на насилството се случува три недели по нападот на исламисти врз три цркви и четири хотели, каде беа убиени 250 луѓе.

Back To Top