skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Османи оптимист дека многу бргу ќе се најде решение за законот за ЈО
Заев: Секој предлог за законот за јавно обвинителство е вреден за внимание
ВМРО-ДПМНЕ достави предлог за законот за ЈО

Шпанија пред четврти избори за четири години

Шпанија пред четврти избори за четири години
  • 11.09.2019

Откако вчера пропаднаа новите преговори за формирање на влада меѓу левиот центар ПСОЕ на премиерот Педро Санчез и малцинската лева партија Унидас Подемос, во Шпанија најверојатно ќе се одржат предвремени избори.

Шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) на изборите во април освои најголем број гласови, но не доволно за сама да формира влада. По неколку неделните преговарања со Унидас Подемос во јули, не беа надминати меѓупартиските разлики, а левичарите го обвинија Санчез за поразот при гласањето во Парламентот за нова влада.

По летните одмори претставници на двете партии минатата недела повторно се сретнаа, но преговорите завршија со неуспех. ПСОЕ повеќе не му нуди место на коалицискиот партнер Унидас Подемос во потенцијалната влада.

Ако Парламентот не го изгласа лидерот на социјалистите Санчез за премиер до 23 септември ќе се организираат нови избори на 10 ноември.

– Не гледаме начин за постигнување на договор, изјави учесничката во преговорите од ПСОЕ, Адриана Ластра, повикувајќи ја Подемос повторно да го разгледа своето барање за да стане дел од коалициската влада.

Додека преговарачот на Подемос, Пабло Еченике истакна дека ПСОЕ се однесува како да има мнозинство и оти тоа води кон избори.

Back To Top