skip to Main Content

Домодедово: Заканата со експлозив беше лажна

Домодедово: Заканата со експлозив беше лажна
  • 29.06.2018

Управата на московскиот аеродром Домодедово соопшти дека нема никаква опасност, откако беше проверен човекот кој лажно тврдеше дека има експлозивна направа.

Лицето го кажало тоа додека поминувало низ безбедносната контрола, велат од аеродромот и додаваат дека по претресот се докажало дека не постои закана.

Дел од Домодедово беше блокиран, а како што изјавил очевидец за Ројтерс, човек лежел на подот на еден од терминалите.

Управата на аеродромот соопшти дека аеродромот работи како и вообичаено.

Во Русија во тек е Светското првенство во фудбал, во 11 градови, вклучувајќи ја Москва.

Back To Top