skip to Main Content

Чилеанските бискупи подготвени да се повлечат поради прикривање на докази за педофилија

Чилеанските бискупи подготвени да се повлечат поради прикривање на докази за педофилија
  • 18.05.2018

Сите 34 чилеански бискупи, кои се обвинети за прикривање докази за сексуално злоупотреба, на папата Франциско му понудија да се повлечат, наведено е денеска во нивното заедничко соопштение.

– Ги ставивме нашите позиции во рацете на Светиот отец и нему му препуштаме слободно да одлучи за секој од нас, соопштија бискупите.

Тие, исто така, му се извинија на Чиле, на злоставуваните жртви и на папата за скандалот.

Папата Франциско ги обвини чилеанските бискупи за уништување на докази за сексуално злоставување, за притисок на црквените адвокати да ги намалат обвиненијата, како и за „огромна негрижа“ во заштита на децата од свештениците педофили.

Папата со бискупите одржа состанок и во таа прилика им предаде документи на 10 страници, во кои тој истакнува дека целокупната хиерархија на чилеанската Католичка црква е колективно одговорна за огромниот недостаток во раководење со случаите за злоставување, а што резултира со губење на кредибилитет на црквата.

Back To Top