skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Грчки воени авиони почнаа да прелетуваат на небото над Македонија за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“
Заев: Ќе има политичка криза ако не добиеме датум за преговори
Бродот на мирот со порака за Договорот од Преспа пристигна на атинското пристаниште Пиреа
Китанов: Автопатот Миладиновци-Штип, според проектот, е готов
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Црвен метео-аларм во Словенија, портокалов во Босна и Херцеговина (Фото + видео)

Црвен метео-аларм во Словенија, портокалов во Босна и Херцеговина (Фото + видео)
  • 09.06.2018

Нестабилното време предизвика проблеми и во поширокиот реон на Балканот. После огромната штета во Словенија, невремето се помести кон Хрватска проследено со огромен град и дождови, а во Истра се забележани силни грмотевици и дожд со град.

Словенечкиот метеоролошки завод го крена нивото на аларм на црвено, а локалните медиуми пренесуваат дека најлошо било на границата со Хрватска во Бела Краина. Уништени се голем број автомобили и покриви, штета претрпеа земјоделските култури, ветрот корнел дрвја и покриви.

Издадено е предупредување дека лошите временски услови ќе се повторат и во текот на ноќта на територијата на целата земја.

На социјалните мрежи беа објавени повеќе видеа од невремето а од оваа снимка може да се види состојбата во словенечкиот град Чрномељ во близина на границата со Хрватска, каде на голем паркинг пред супермаркет уништени се речиси сите возила.

Во Босна и Херцеговина, федералниот хидрометеоролошки завод издаде портокалов метеоаларм за северните региони на Босна и Краина, каде што се очекува невреме со дожд и грмотевици, а на некои места и град. Во останатите региони на Босна и Херцеговина на сила е жолт метеоаларм.

Невремето што ја зафати Хрватска со силен дожд и ветар предизвика големи штети во Ријека, Горски Котор, Загорје и Меѓумурје и го попречи сообраќајот на патиштата. Пожарникарите реагираа поради избиени шахти и паднати дрвја.

Невреме има и во Црна Гора, каде има и големи оштетувања на куќите и другите објекти. На аеродромот во Тиват биле оштетени и два помали авиона, кои биле паркирани на пистата.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top