skip to Main Content

Ципрас потврди, парламентарни избори на 7 јули

Ципрас потврди, парламентарни избори на 7 јули
  • 05.06.2019

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервјуто за ЕРТ што траеше час и 45 минути, потврди дека предвремените парламентарни избори во Грција ќе се одржат на 7 јули. Ципарс изјави дека во понеделник ќе отиде кај грчкиот претседател Прокопис Павлопулос за да побара избори.

-Резултатите од евроизборите ни испратија порака за разочараноста на граѓаните. Наша грешка е што не бевме свесни за заморот на грчкиот народ, рече Ципрас.

Back To Top