skip to Main Content

Церар: Ќе го „подучам“ Хант за историјата на Словенија

Церар: Ќе го „подучам“ Хант за историјата на Словенија
  • 26.02.2019

Словенечкиот министер за надворешни работи Миро Церар изјави дека ќе го „подучи“ шефот на британската дипломатија Џереми Хант за историјата на Словенија.

Хант минатата недела во Љубљана го пофали напредокот на Словенија на нејзиниот пат од „советски вазал“ до успешна земја членка на Европска Унија.

– Секогаш се радуваме на посетите на британските претставници, а така ќе биде и по Брегзит, но изјавата за советски вазали е неадекватна, тоа е погрешен израз, истакна Церар.

Тој додаде дека ќе го подучи Хант за историјата на Словенија  и изрази уверување дека во иднина нема да има такви „реторички трапавости“.

Back To Top