skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Продолжува судењето за „Титаник“ на СЈО
Кандидатите за технички експерти на интервју во собраниската комисија за надзор на следењето комуникации
Димитров во Грац на дебата за Преспанскиот договор и евроинтергацијата
Павлопулос: Грција ја поддржува европерспективата на Северна Македонија, но потребно е да се исполнат предусловите
Неофит: Ќе направиме се за целосна радост на нашите македонски браќа
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Харадинај до Вучиќ: Цел свет ја знае границата меѓу Косово и Србија, друга нема да има

Харадинај до Вучиќ: Цел свет ја знае границата меѓу Косово и Србија, друга нема да има
  • 18.02.2019

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај му порача денеска на српскиот претседател Александар Вучиќ дека „цел свет знае каде се границите меѓу Косово и Србија“ и дека „тие граници ги чува и НАТО“.

Харадинај со оваа изјава му одговори на претседателот на Србија, кој на меѓународната конференција во Минхен изјави дека „не се знае каде е границата со Косово“, дека двете соседни земји „треба да се признаат единствено во рамките на постоечките граници“.

– Изјавата на претседателот Вучиќ дека не знае каде е границата е погрешна. Цел свет ја знае границата меѓу Косово и Србија. НАТО ја знае, и НАТО ги чува тие граници, ние ги чуваме тие граници, нашите воени полиции патролираат и можат да се видат долж таа гранична линија. Нема да има други граници меѓу Косово и Србија, порача Харадинај од неговотро родно место Глоѓане.

Косовскиот премиер рече дека неговата влада им ги гарантира сите права на малцинските заедници, но нема да дозволи создавање некаков српски ентитет, односно, како што рече, „друга република внатре во Република Косово“.

– Никој не е против правата на зедниците. Ние никогаш не би сакале да видиме некого да живее во потешкотии во нашата земја, во случајов ниту Србите. Но, никој веќе во светот не дозволува внатре во неговата држава да се формира друга држава, како што тоа го направи Република Српска во Босна. Ниту Косово нема да дозволи друга република внатре во Република Косово. Тоа е невозможно и тоа нема да се случи, изјави Харадинај.

Тој нагласи дека оваа негова изјава е со цел „да им појасни на косовскиот народ и на меѓународните пријатели“ дека „признавањето од Србија ќе го прифати само во рамките на постоечките граници меѓу двете држави“.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top