skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Обвинител врши увид на местото на железничка несреќа во Хиподром каде што во судир на воз и автомобил загина припадник на МВР
Пет дена за барање за амнестија, законот не важи за организаторите и насилниците на упадот во Собранието
Во Кривичен продолжува судењето за „Титаник“
Продолжува комисиската расправа за предлог амандманите на Уставот
Димитров во Брисел на средба на КОРЕПЕР
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Француската левица бара изгласување недоверба на Владата

Француската левица бара изгласување недоверба на Владата
  • 06.12.2018

Партиите од француската левица бараат да и се изгласа недоверба на Владата на претседателот на Франција, Емануел Макрон, поради насилните протести во земјата.

Левичарските партии ги оставија на страна своите разлики и најавија дека в понеделник ќе поднесат иницијатива за изгласување недоверба на Владата во Долниот дом на францускиот Парламент.

Доколку барањето биде прифатено, Националното собрание ќе треба да гласа за недоверба на Влада во рок од 48 часа од моментот на поднесување на иницијативата.

Француската левица нема доволно гласови за иницијативата да биде усвоена, но се обидува да добие поддршката од други опозициски партии.

Овој потег доаѓа во време на силен пад на популарноста на Макрон и неговата Влада поради протестот на „жолтите елеци“, кој трае со недели во Франција.

Според најновата анкета, која ја спроведе агенцијата Ју Гов, позитивно мислење за работата на претседателот имаат само 18 отсто од испитаните 1.010 лица.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top