skip to Main Content

„Форбс”: Си Џинпинг највлијателен човек во светот

„Форбс”: Си Џинпинг највлијателен човек во светот
  • 08.05.2018

Кинескиот претседател Си Џинпинг се најде на првото место на ранг листата на највлијателни луѓе на планетата, што денеска на својата интернет страница ја објави американското списание „Форбс“.

Втор на листата е првиот човек на Русија, Владимир Путин, а на третото место е претседателот на САД, Доналд Трамп.

Во првата десетка натаму следуваат германската канцеларка Ангела Меркел, сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос, папата Франциско и основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс. 

На осмото место е саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман Ал Сауд, девети е индискиот премиер Нарендра Моди, а десетти – Лари Пејџ од Гугл.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон е 12-ти, а британската премиерка Тереза Меј – 14-та.

Иранскиот верски водач, ајатолахит Али Хаменеи е 17-ти, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш е на 31-то место, а претседателот на Европеската комисија, Жан-Клод Јункер е 33-ти.

На 36-тото место е севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, а турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган е 48-ми.

На 73-тата позиција е лидерот на Исламската држава, Абу Бакр ал Багдади.

Back To Top