skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Денеска во 18 часот седница на ЦО на СДСМ за кадровските промени
Последен ден од изборите во ЕУ, првичните резултати пред полноќ
Од среда започнува пријавувањето за социјална помош во центрите
Торонто влезе во големото НБА финале
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

ФБИ ги истражува Џонсон енд Џонсон, Сименс, Џенерал елекрик и Филипс

ФБИ ги истражува Џонсон енд Џонсон, Сименс, Џенерал елекрик и Филипс
  • 17.05.2019

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) почна истрага против корпорациските гиганти Џонсон енд Џонсон, Сименс, Џенерал електрик и Филипс поради сомнение дека подмитувале бразилски функционери во случај со продажба на медицинска опрема, тврдат двајца бразилски обвинители.

Бразилската федерална обвинителка Мариса Ферари потврди дека американското Министерство за правда и Комисијата за хартии од вредност помагаат во бразилската истрага за купување медицинска опрема.

Според бразилски обвинители тие компании во изминативе 20 години подмитувале владини функционери за да осигураат зделки со набавка на медицинска опрема, наменета за системот на здравствена грижа во таа јужноамериканска земја, пренесува Хина.

Бразилските власти посочуваат дека над 20 компании, веројатно, се здружиле во картел кој подмитувал функционери. Тие ја обвинуваат и владата дека ги фингирала и цените на медицинска опрема, односно прикажувала повисоки цени за уреди за магнентна резонанца и опрема за протетика.

Џонсон енд Џонсон, Сименс, Џенерал електрик и Филипс, чија вкупна пазарна капитализација изнесува речиси 600 милијарди долари, според цените на акциите на берзите синоќа, се најголеми странски фирми против кои во Бразил во изминатите години е покрената истрага поради сомнение за корупција.

– Континуирано разменуваме информации со ФБИ за овој случај. Тие бараат документи, ние им ги испраќаме. За возврат, ни помагаат во нашата истрага, појасни Ферари.

ФБИ ниту потврди, ниту демантира дека се спроведува истрага.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top