skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
МВР: Одделенијата за управни работи ќе работат за викендите кога ќе се гласа за избор на претседател
Делегација на ПССЕ ќе го набљудува спроведувањето на претседателските избори
Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачкото право
Почнува теренската вакцинација во основните и средните училишта
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

УНХЦР: Венецуела ја напуштиле три милиони лица

УНХЦР: Венецуела ја напуштиле три милиони лица
  • 08.11.2018

Бројот на бегалци и мигранти од Венецуела погодени од кризата од август досега се зголеми за 700.000 лица, односно вкупно три милиони луѓе ја напуштиле земјата, соопшти денеска  Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР)

– Ние проценуваме дека 5.000 до 6.000 лица секојдневно ја преминуваат границата на Колумбија, изјави портпаролот УНХЦР Вилијам Шпиндлер.

Додека најголем дел од оние кои се исселиле од земјата во текот на изминатите месеци се должи на интензивираниот егзодус, мал дел од таа цифра се припишува на бројки поврзани со бегалците во земјите на Карибите, кои претходно не беа достапни.

Од вкупно три милиони Венецуелци, 2.3 милиони луѓе ја напуштиле својата земја од 2015 година, наведе Шпиндлер.

И покрај огромните резерви на нафта, Венецуела страда од економска, политичка и хуманитарна криза, со широко распространет недостиг на основни стоки и зголемена инфлација.

Венецуелците, исто така, бегаат и од политичка репресија во нивната земја. Претседателот Николас Мадуро е обвинет за задушување на опозицијата и обид за создавање на диктатура, наведува германската агенција.

Околу еден милион од лицата кои ја напуштиле Венецуела се во Колумбија, околу 500.000 во Перу, 220.000 во Еквадор, 130 илјади во Аргентина и по 100 илјади Венецуелци има во Чиле, Бразил и Панама.

Шпиндлер предупреди дека земјите-домаќини на бегалците се соочуваат со ограничени средства и имаат потреба од помош од меѓународната заедница.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top