skip to Main Content

Турција: Налог за апсење на 70 војници поради сомневање за врски со Ѓуле

Турција: Налог за апсење на 70 војници поради сомневање за врски со Ѓуле
  • 13.04.2018

Турското обвинителство издаде налог за апсење на 70 војници, кои се осомничени за поврзаност со муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во егзил во САД.

Полицијата спровела координирана акција во 34 окрузи во државата. Истрагата ја водат обвинители од централниот округ Конија.

Истрагата е преземена врз основа на искази на војници, кои биле приведени пред извесно време поради врски со проповедникот Ѓулен.

Анкара го обвинува движењето на Ѓулен дека стои зад обидот за пуч во државата во јули 2016 година.

По неуспешниот обид за преврат во Турција беа уапсени над 50.000 лица, а околу 150.000 беа отпуштени од работа.

Back To Top