skip to Main Content

Турски минстер тврди дека Трамп работи за екстрадиција на Ѓулен

Турски минстер тврди дека Трамп работи за екстрадиција на Ѓулен
  • 16.12.2018

Американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на својот турски колега Реџеп Тајип Ердоган дека Вашингтон работи на екстрадиција на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој Анкара го смета за органзирање на неуспешниот државен удар во Турција во 2016 година. Тоа го трвди турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

– Трамп во Аргентина му рече на Ердоган дека работат за екстрадиција на Ѓулен и други луѓе, изјави Чавошоглу на конференција во Доха реферерајќи за самитот на Г-20 во Аргентина.

Американското Министерство за правда вчера негираше дека е планиран договор за испорачување на противници на Ердоган, додека Ен-Би-Си во четвртокот објави дека администрацијата на Трамп бара начини за испорачување на Ѓулен за да го смират турскиот претседател.

Back To Top