skip to Main Content

Тројца починати од Западнонилска треска во Србија

Тројца починати од Западнонилска треска во Србија
  • 25.07.2018

Од почетокот на јуни во Србија се регистрирани 41 случај на лица заболени од Западнонилска трска, од кои тројца починале, соопшти денеска директорката на српскиот Институт за јавно здравје „Др. Милан Јовановиќ – Батут“, Верица Јовановиќ.

Сепак, според неа, нема причина за паника кога е во прашање Западнонилската треска, бидејќи Институот и здравствените установи дејствуваат заеднички во справување со болеста.

Јовановиќ нагласи дека тројцата починати од Западнонилската треска биле повозрасни лица, кои имале намален имунитет.

Таа им препорача на граѓаните да преземаат и лични превентивни мерки, како носење облека со долги ракави и ногавици и да избегнуваат прошетки при изгрејсонце и по зајдисонце, кога има најмногу комарци.

Вирусот на Западнонилската треска се пренесува на луѓето само преку убод од инфицирани комарци. Вирусот од Африка на европско тло го носат птиците преселници, од кои се инфицираат комарците и потоа ја шират заразата.

Back To Top