skip to Main Content

Трамп: Северна Кореја со нуклеарно оружје нема економска иднина

Трамп: Северна Кореја со нуклеарно оружје нема економска иднина
  • 03.03.2019

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Северна Кореја нема светла економска иднина доколку двете земји не постигнат договор, а исто така нема никаква економска иднина доколку не се откаже од нуклеарното оружје.

– Северна Кореја има неверојатна, брилијантна економска иднина ако постигне договор, но нема никаква економска иднина ако има нуклеарно оружје, изјави Трамп на годишната политичка конференција на конзервативните активисти и избрани претставници ширум САД.

Тој на конференцијата, чиј домаќин е Американската конзервативна унија, оцени дека односот на САД со Северна Кореја е „многу, многу силен“.

Трамп минатата недела во Ханој се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, но самитот заврши без договор.

Според американскиот претседател не е постигнат договор бидејќи Северна Кореја побарала целосно укинување на санкциите во замена за затворање на нуклеарната постројка Јонгбјон.

Back To Top