skip to Main Content

Трамп предупреди на „левичарско насилство“ против неговата политика

Трамп предупреди на „левичарско насилство“ против неговата политика
  • 29.08.2018

Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека неговите политики ќе бидат „насилно“ сменети ако Демократите победат на така наречените „избори на половина мандат“ во ноември.

На средба со верските лидери од евангелистичката црква, рече дека гласањето ќе биде „референдум“ за слободата на говорот и на верата, на кои им се закануваат „насилни луѓе“.

Трамп побара помош од конзервативните христијански групи и ги предупреди дека „само еден глас ги дели од тоа да изгубат се“.

Изборите на половина мандат во САД се сметаат за тест за популарноста на претседателот. Трамп се бори против негативен публицитет откако неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен и поранешниот шеф на кампањата Пол Манафорт беа осудени порано месецов.

Аудио снимката од средбата зад затворени врати на претседателот со евангелистичките лидери во Белата Куќа протече во медиумите. На неа може да се слушне како тој вели дека изборите на половина мандат се референдум не само за него, туку и „за вашата религија, слободата на говорот и Првиот амандман“.

„Прашањето не е дали ни се допаѓа или не, туку дека ќе укинат се што имаме направено, и тоа брзо и насилно. Насилно. Ќе има насилство. Ако ги погледнете антифашистите, тоа се насилни луѓе“, вели Трамп.

Back To Top