skip to Main Content

Трамп до Макрон: Во Париз ќе се учеше германски пред да дојдат Американците и да ги спасат

Трамп до Макрон: Во Париз ќе се учеше германски пред да дојдат Американците и да ги спасат
  • 13.11.2018

Претседателот Трамп продолжи да се кара со Емануел Макрон, задевајќи го францускиот лидер за загубите на неговата земја од Германија во двете светски војни и сугерирајќи дека на Европа ѝ требаат САД како спасител.

По враќањето од одбележувањето на Денот на примирјето во Париз во текот на викендот, Трамп во понеделникот седна на Твитер и брутално ги нападна европските сојузници на Америка поради тоа што не успеале да ги исполнат целите со трошоците во одбраната и ја оставиле Америка да плаќа најголем дел од сметките на НАТО. Во вторникот, претседателот повторно ги истури своите фрустрации на Твитер.

„Емануел Макрон предлага изградба на сопствена армија за да ја заштити Европа од САД, Кина и Русија“, објави Трамп. „Но тоа беше Германија во Првата и Втората светска војна – како излезе тоа за Франција? Во Париз веќе почнуваа да учат германски пред да дојдат САД. Платете за НАТО или не!“

Во радиоинтервју една недела пред комеморациите во Париз, Макрон повика на формирање армија на ЕУ што ќе може да го брани континентот „без да се потпира само на САД“.

Back To Top