skip to Main Content

Трамп: Добро се согласував со Путин, „хејтерите“ сакаа бокс меч

Трамп: Добро се согласував со Путин, „хејтерите“ сакаа бокс меч
  • 18.07.2018

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на Самитот во Хелсинки добро се согласувал со претседателот на Русија, Владимир Путин и оти ќе „уследат големи резултати“.

Трамп два дена по средбата со Путин на Твитер напиша дека на многумина не му се допаднале неговите изјави на прес конференцијата во Хелсинки.

– Путин и јас разговаравме за многу важни теми на нашиот состанок. Добро се согласувавме, што навистина вознемири многу „хејтери“ кои сакаа да видат бокс меч. Ќе уследат големи резултати, напиша Трамп.

Back To Top