skip to Main Content

Трамп: Ако пропаднат договорите ќе бидам најголем непријател на Путин

Трамп: Ако пропаднат договорите ќе бидам најголем непријател на Путин
  • 20.07.2018

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе стане „најголем непријател“ на шефот на руската држава Владимир Путин, доколку договорите што тие ги постигнаа не вродат со плод.

– Ќе бидам најголем непријател што некогаш го имал, изјави Трамп во интервју за Си-Ен-Би-Си. чии делови објави телевизијата.

Трамп сепак нагласи дека сака да ја искористи можноста за унапредување на односите меѓу САД и Русија, дури и по тврдењата на американските разузнавачки агенции дека Москва во неколку наврати се обидела да се меша во претседателските избори во земјата во 2016 година.

– Да се согласуваш со Путин, да се согласуваш со Русија, е позитивно, не негативно, додаде претседателот на САД.

Трамп при тоа го обвини неговиот претходник Барак Обама дека бил „целосно наивен“ во однос на Русија, додека сега, според него, тој има многу поцврст став кон Москва од кој било друг американски претседател во последните „многу, многу години“.

Интервјуто на Трамп за Си-Ен-Би-Си во целост ќе биде емитувано вечерва.

Back To Top