skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
(Видео) Со дрон во Скопје откриен потпалувач на оган
Веќе е извесно дека завршница за предметите на СЈО ќе има
Вистиномер.мк: Химната не е отстранета од образовните програми за основците
Анѓушев: Едно семејство не може да живее со 200 евра плата, минималната плата мора да расте

Тачи: Косово и Албанија ќе бидат една држава без граници

Тачи: Косово и Албанија ќе бидат една држава без граници
  • 26.05.2019

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, вчера во Крума, Албанија, рече дека на албанскиот народ никогаш досега не му било подобро. Како што пренесе РТК, Тачи рекол дека мисијата на Косово за слобода и независност не е доволна, дека Албанците се неправедно поделени, дека сега треба по своја волја да се обединат „и дека дојде времето паметно да се работи на отстранување на граничните премини меѓу Косово и Албанија, кои се неправедно наметнати“.

Тачи во својот говор по повод прогласувањето за почесен граѓанин на Крума рече дека во блиска иднина, Косово и Албанија ќе живеат заедно, без граници.

Тој потенцирал дека ќе ги продолжи напорите за обединување на Прешево, Медвеѓе и Бујановац на Косово, што, според него, ќе се постигне без да се доведе во прашање ни милиметар од Косово, езерото Газивода и Трепча.

Back To Top