skip to Main Content

Стефан Ловен доби мандат за состав на нова влада на Шведска

Стефан Ловен доби мандат за состав на нова влада на Шведска
  • 15.10.2018

Претседателот на шведскиот Парламент, Андреас Норлен денеска му го довери мандатот за состав на нова влада на Шведска на вршителот на должноста шведски премиер и лидер на Социјалдемократската работничка партија (САП), Стефан Ловен.

Ловен го доби мандатот за формирање влада, откако претходниот мандатар, лидерот на конзервативната Умерена партија (М), Улф Кристершон вчера соопшти дека не успеал да обезбеди мнозинство во Парламентот за избор на владин кабинет на десниот центар.

Доверувајќи му го мандатот на Ловен, Норлен ги повика парламентарните партии да ги преиспитаат своите позиции, за да биде постугнат успех во процесот на формирање нова влада.

Аналитичарите во Стокхолм проценуваат дека Ловен има поголеми шанси да обезбеди мнозинство во Парламентот отколку Кристершон.

САП и двете партии од нејзината коалиција – Еколошката партија на зелените (МП) и Левата партија (В) на изборите одржани на 9 септемви заедно освоија 144 пратенички места во 349-члениот Парламент и им недостигаат 31 пратеник за мнозинство.

Според аналитичарите, Ловен би можел да обезбеди поддршка од Партијата на центарот (Ц) и партијата Либерали (Л), кои заедно имаат 41 пратеник во Парлментот.

Центристите и Либералите, кои на изборите беа дел од блокот Алијанса предводен од Умерената партија, минатата недела соопштија дека нема да го поддржат изборот на Кристершон за премиер, бидејќи тој се обидуваше да обезбеди поддршка од екстремно десничарската националистичка партија Шведски демократи (СД).

Back To Top