skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Бектеши – Азеведо: Северна Македонија е на вистински пат за отворена економија и економски раст
Неизвесна лидерската средба, Мицковски не гледа потреба да присуствува
Седница на собраниската Комисија за здравство
Земјотрес во Струмица, Валандово и околината
Пролонгирано заминувањето во затвор на Сеад Кочан, додека не се одлучи по неговото барање
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Средба Путин-Трамп во петок, на маргините на состанокот Г20 во Осака

Средба Путин-Трамп во петок, на маргините на состанокот Г20 во Осака
  • 27.06.2019

Претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп во петок ќе имаат едночасовна средба на маргините на самитот Г20 во јапонскиот град Осака, изјави советникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.

Тој рече дека двајцата претседатели најверојатно ќе разговараат за прашања за регионалната стабилност, вклучувајќи ги Сирија, Венецуела и Иран.

Според Ушаков, Путин планира на 29 јуни во Осака да се сретне и со германската канцеларка Ангела Меркел и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Руската агенција ТАСС, цитирајќи ја прес-службата на Елисејската палата, објави дека претседателот на Франција, Емануел Макрон планира билатерален состанок со рускиот претседател Владимир Путин на маргините на самитот Г20 во Осака.

Back To Top