skip to Main Content

Средба Гутереш-Абас: Поддршка на решението за две држави

Средба Гутереш-Абас: Поддршка на решението за две држави
  • 15.01.2019

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш се сретна со палестинскиот претседател Махмуд Абас, соопштија ОН.

Како што е наведено во соопштението, Абас и Гутереш се согласиле дека единствено решение за израелско-палестинскиот конфликт е решението на две држави, Израел и Палестина.

Претходно, Гутереш изрази силна поддршка за формирање независна палестинска држава, пред САД да го објават својот план за решавање на израелско-палестинскиот судир.

Палестинскиот амбасадор Ријад Мансур изјави дека состанокот на Гутереш и Абас бил „добар“.

Back To Top