skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Бектеши – Азеведо: Северна Македонија е на вистински пат за отворена економија и економски раст
Неизвесна лидерската средба, Мицковски не гледа потреба да присуствува
Седница на собраниската Комисија за здравство
Земјотрес во Струмица, Валандово и околината
Пролонгирано заминувањето во затвор на Сеад Кочан, додека не се одлучи по неговото барање
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Србија во Брисел отвара едно поглавје во преговорите за членство со ЕУ

Србија во Брисел отвара едно поглавје во преговорите за членство со ЕУ
  • 27.06.2019

На Меѓувладина конференција Србија-ЕУ во Брисел денеска ќе биде отворено 9-то поглавје за финасиски услуги во преговорите за членство на Белград во ЕУ.

Министерката за европски интеграции Јадранка Јоксимовиќ по Меѓувладината конференција, со комесарот на ЕУ за соседска политика и проширување Јоханес Хан ќе го потпише и Финансискиот договор ИПА за 2018-тата година за Србија, во износ од 179,1 милиони евра-соопштија од српската Влада.

Предуслов за отварањето на 9-тото поглавје со кое се регулира финансискиот систем, беше симнувањето на Србија од „сивата листа“ на меѓународното тело за сузбивање на перењето пари FATV на земји кои и понатаму вложуваат напор во спречувањето на перењето пари и финасирањето на тероризмот.

Србија во досегашните преговори со ЕУ има отворено 16 од 32 поглавја, од кои затворила две поглавја. ЕУ во рамките на договорот за претпристапната помош (ИПА) за Србија издвоила 1,5 милијарди евра за периодот од 2014-2020 година.

Српската премерка Ана Брнабиќ по повод отврањето на едно поглавје, изјави за медиумите дека „ова е добар резултат, имајќи предвид дека Србија е блиску до затварањето на најмалку три поглавја, да има 17 отворени поглавја и две привремено затворени поглавја…што е успех доколку се земе во предвид дека Европа во моментов се соочува со свои внатрешни проблеми.“

Back To Top