skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Хан ја повика ЕУ да отвори преговори со Северна Македонија во најбрз можен рок
Могерини: Се надевам на позитивна одлука за преговори со Северна Македонија и Албанија
Рама: Пендаровски е претседател со кој треба да се гордееш, Мета не тера да се чувствуваме засрамено
Од денеска нови регистарски таблички со NMK
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Социјалдемократите во ЕП: Романија е различен случај од Унгарија

Социјалдемократите во ЕП: Романија е различен случај од Унгарија
  • 11.01.2019

Групата на Социјалдемократите во Европскиот Парламент, под притисок од јавноста поради поткопувањето на владеењето на правото во Романија, истакнуваат дека случајот со оваа земја е различен од Унгарија и Полска.

Марија Жоао Родригез, член на социјалдемократите од Португалија, тврди дека сепак нејзиното политичко семејство врши притисок врз романските партнери.

Романската Влада составена од Социјалдемократската партија во коалиција со либералите е мета на силни критики поради отстранувањето на клучни фигури од институциите за борба против корупција. Партијата турка и закон за амнестија кој ќе ги погоди нејзините членови и кадри, пред сѐ претседателот на партијата, Ливиу Драгнеа, кому му беше забрането да стане премиер поради тригодишна затворска казна за корупција.

– Има проблеми, точно и го задржуваме нашиот притисок врз Букурешт, наведе Родригез, но додаде дека постојат суштински разлики со унгарскиот и полскиот случај.

Таа предупреди дека тоа не смее да биде причина за „ослабнување“ на улогата на една земја која претседава со Советот на ЕУ, посебно пред парламентарните избори за ЕУ кои треба да се одржат во мај.

Во меѓувреме, Драгнеа најави дека ја тужи Европската Комисија поради истрага на нејзиното антикорупциско тело, ОЛАФ, која утврди дека пред неколку години Драгнеа злоупотребил 21 милион евра европски фондови.

На вчерашното свечено отворање на романското претседателство во Букурешт, министерот за надворешни работи, Теодор Мелешкану, го поддржа „правото“ на шефот на романските социјалдемократи да ја тужи ЕК.

– Секоја личност, дури и политичар, има право да бара легални можности за да докаже дека е невина, изјави министерот.

Драгнеа е осуден на 3,5 години затвор во Романија.

ЕК во својот извештај за напредокот на Романија во областа на владеењето на правото и борбата против корупција првпат оцени дека Букурешт назадува и изрази голема загриженост поради состојбите во оваа земја, која сега претседава со Унијата.

Back To Top