skip to Main Content

Сменети осум министри од чилеанската Влада

Сменети осум министри од чилеанската Влада
  • 28.10.2019

Чилеанскиот претседател Себастијан Пињера смени осум министри, со цел да ја смири најголемата криза од 1990 година, кога земјата повторно стана демократска.

Меѓу сменетите министри се и за внатрешни работи и за финансии.

Минатонеделните протести кои излегоа од контрола го натераа Пињера, милијардер од десниот центар кој на изборите во 2017 година ја победи левицата, да вети промени во корист на работниците. Тој вети и зголемување на минималната плата и пензиите, намалување на цените на лековите и јавниот превоз и обезбедување соодветна здравствена грижа.

Пињера го смени министерот за внатрешни работи Андреас Чедвик, негов роднина и човек од доверба, кој беше критикуван бидејќи демонстрантите ги нарече криминалци.

На местото на Чедвик именуван е Гонзал Блумел, а за нов министер за  финансии назначен е Игнасио Брионес.

– Чиле се промени, па мора и Владата да се промени како би се соочила со новите предизвици, истакна Пињера.

Тоа е трета реконструкција на чилеанската Влада за повеќе од 1,5 година.

Протестите во Чиле беа иницирани од зголемувањето на цената на матрото за повеќе од три отсто. И покрај тоа што подоцна беше повлечена одлуката, не е намалено незадоволството на граѓаните.

Back To Top