skip to Main Content

Најмалку тројца загинати во силниот земјотрес на индонезискиот остров Ломбок

Најмалку тројца загинати во силниот земјотрес на индонезискиот остров Ломбок
  • 05.08.2018

Најмалку три лица загинаа во силнито земјотрес со интензитет од седум степени по Рихтеровата скала што денеска го погоди индонезискиот остров Ломбок.

Полицијата соопшти дека има прекин на струја и не може да се види целосната ситуација, но најмалку три лица се загинати. Укинато е предупредувањето за цунами.

Епицентарот на потресот бил на длабочина од 15 км во близина на северниот брег на Ломбок каде пред една недела беше регистриран земјотрес од 6,4 степени по Рихтер и во кој загинаа 14 луѓе.

Back To Top