skip to Main Content

Се намалува бројот на баратели на азил од Косово во Шенген зоната

Се намалува бројот на баратели на азил од Косово во Шенген зоната
  • 15.10.2018

Бројот на барања за азил во земјите на ЕУ и Шенген зоната од страна на граѓани од Косово бележи значително намалување во текот на 2018, што се смета како фаворизирачки аргумент за земјата во барањето за визна либерализација.

Вкупната бројка на баратели на азил од Косово во првите шест месеци од годинава изнесува 2.865, што е значително опаѓање во однос на истиот период од 2017 година, пишува весникот „Зери“, пренесувајќи ги податоците на Еуростат, според кои Косово не е ниту меѓу првите триесет земји од кои што доаѓаат барателите на азил во Европа.

Министерката за европски интеграции Дурата Хоџа за весникот изјави дека овие статистики се многу значајни и би требало да ја олеснат одлуката на членките на ЕУ за визна либерализација за Косово.

Back To Top