skip to Main Content

Свекорот на Пипа Мидлтон обвинет за силување на малолетничка

Свекорот на Пипа Мидлтон обвинет за силување на малолетничка
  • 01.04.2018

Свекорот на Пипа Мидлтон, помладата сестра на Кејт Мидлтон – сопругата на принцот Вилијам, француското обвинителство го товари за силување на малолетничка.

Дејвид Метјуз од вторникот се наоѓа во притвор во Париз, а во четвртокот против овој 70-годишен богаташ беше подигнато обвинение за силување на малолетничка.

Станува збора за настани кои се случиле во 1998 и 1999 година, но тужбата била поднесена дури во 2017 година.

Пипа Мидлтон во мај 2017 година се омажи за финансискиот експерт Џејмс Метјуз, а неговиот татко Дејвид Метјуз управува со инвестициски фондови и е поранешен пилот.

Back To Top