skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Комисијата воздржана за имунитетот на Вељаноски
В понеделник оставка од Котевски, но и извештај од истрагата за инцидентите
Манчевски: Неколку дена пред Конгресот на СДСМ ќе биде познат кандидатот за претседател
Осудените за „Диво насеље“ со отворено писмо до Ахмети, Груевски и Мијалков
Мицкоски: Поддршката за Силјановска Давкова е поддршка за правната држава
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

САД ќе ја бојкотираат на сириското претседавање со Конференцијата на ОН за разоружување

САД ќе ја бојкотираат на сириското претседавање со Конференцијата на ОН за разоружување
  • 29.05.2018

Делегацијата на САД нема да присуствува на Конференцијата за разоружување на Обединети нации во Женева во знак на протест поради претседавањето на Сирија, изјави американскиот амбасадор во ОН, Роберт Вуд.

– Во еден момент ќе излеземе и ќе направиме и други работи кои ќе ги видите за време на претседавањето на Сирија, истакна Вуд.

Тој додаде дека САД не планирале бојкот на сириското претседавање, но оти тоа го прават бидејќи сирискиот режим употребува хемиско оружје.

Сирија вчера го презеде ротациското претседателство со Конференцијата на ОН за разоружување, која преговара за забрана на употреба на хемиско оружје.

На секои четири недели со Конференцијата раководи земја  членка на ОН. Претседателите се менуваат по азбучен ред.

Германското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека сириската Влада неколку пати употребила хемиско оружје и поради тоа не може на адекватен начин да ја извршува претседателската функција.

Според неименувани извори во Женева, западните земји најавија дека ќе протестираат поради привремената улога на Сирија, така што ќе испраќаат само млади дипломати на средбите. 

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top