skip to Main Content

Русија: Четворица загинаа, а 20 се повредени во судир на два автобуса

Русија: Четворица загинаа, а 20 се повредени во судир на два автобуса
  • 19.09.2018

Четворица загинаа, а 20 лица се повредени при судир на два автобуса во југозападна Русија, соопшти руското Министерство за вонредни состојби.

До судирот дошло синоќа во регионот Воронеж, недалеку од Новаја Усман.

Судирот се случил кога автобусот застанал поради технички проблем, а тогаш наишол другиот и удрил во него, соопшти полицијата.

Back To Top