skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
МВР: Одделенијата за управни работи ќе работат за викендите кога ќе се гласа за избор на претседател
Делегација на ПССЕ ќе го набљудува спроведувањето на претседателските избори
Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачкото право
Почнува теренската вакцинација во основните и средните училишта
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Русија и Турција даваат уште време за договорот околу Идлиб

Русија и Турција даваат уште време за договорот околу Идлиб
  • 18.10.2018

Русија и Турција планираат да дадат повеќе време за спроведување на договорот за деескалација во сириската провинција Идлиб, што е „големо олеснување“ за три милиони цивили во регионот, изјави Јан Егеланд, советник за хуманитарни цели на ОН.

Се уште има „милион прашања без одговор“ за тоа како договорот ќе дејствува и што ќе се случи ако групите, кои се сметаат за терористички, одбијат да го предадат оружјето.

По редовниот хуманитарен состанок за Сирија во Женева, Егеланд рече дека Русија потврдила дека Дамаск го укинал законот кој предизвикува „голема загриженост“, што овозможува одземање на земјиште и имот од страна на бегалци.

ОН предупреди дека битката за заземање на Идлиб од страна на силите на режимот во Дамаск може да се претвори во најстрашната епизода од седумгодишната војна.

Договорот меѓу Турција и Русија е за создавање тампон зона долга 15-20 километри во бунтовничката територија која првично требаше да биде ослободена од тешко оружје и џихадисти до понеделник.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top