skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Османи оптимист дека многу бргу ќе се најде решение за законот за ЈО
Заев: Секој предлог за законот за јавно обвинителство е вреден за внимание
ВМРО-ДПМНЕ достави предлог за законот за ЈО

Русија го проширува списокот за забрана за влез на официјални лица од САД

Русија го проширува списокот за забрана за влез на официјални лица од САД
  • 11.09.2019

Москва ќе го прошири списокот на американски службеници на кои им е забрането да влезат во Русија поради најновите санкции од Вашингтон против двајца членови на рускиот Истражен комитет. Тоа го изјави денеска заменик министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков.

– Сигурно ќе ја прошириме црната листа на граѓани на САД на кои им е забранет влез. Отворено зборуваме за тоа”, рече Рjабков.

Според него, кога САД ќе ја сменат својата политика за составување на списокот, Русија ќе го стори истото, а врз основа на принципот на реципроцитет.

Back To Top