skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
(Видео) Со дрон во Скопје откриен потпалувач на оган
Веќе е извесно дека завршница за предметите на СЈО ќе има
Вистиномер.мк: Химната не е отстранета од образовните програми за основците
Анѓушев: Едно семејство не може да живее со 200 евра плата, минималната плата мора да расте

Ромите од контамираните кампови во Косово сѐ уште без компензација

Ромите од контамираните кампови во Косово сѐ уште без компензација
  • 14.03.2019

Обединетите нации сместиле ромски семејства и други етнички малцинства во токсични кампови во Косово и сѐ уште не им исплатиле компензација, се вели во извештај на нивната агенција за човекови права. Според информациите околу 600 лица биле сместени во кампови на контаминирана почва меѓу 1999 и 2013 година од кои околу половина биле деца на возраст под 14 години.

Од раните 1970-ти години, областа била позната по контаминација од олово што довела до смрт на неколку деца и возрасни лица, истакна експерт од светската организација, Баскут Тунчак, кој додава дека е потребна индивидуална компензација и јавно извинување од Обединетите Нации.

Во меѓувреме претставник на Обединетите Нации издаде писмена изјава во која се повикува на помош до овие заедници.

Генералниот секретар верува дека нашата заедничка должност е да ги поддржиме заедниците на Ромите, Ашкалите и Египќаните погодени од труење со олово во Косово и да им се обезбеди помошта што им е потребна.

Извештаи за труење кај жителите на кампот биле достапни уште во 1999 година, но ромите оттогаш не добиле никаква компензација, додека во меѓувреме, ОН почнаа да преземаат мерки за заштита на сопствените мировници од 2000 година.

Back To Top