skip to Main Content

Рама: Опозицијата прави дволичен напор за да го заштити Тиранскиот театар

Рама: Опозицијата прави дволичен напор за да го заштити Тиранскиот театар
  • 20.09.2018

Албанскиот премиер Еди Рама, од собраниската говорница, денеска ја обвини опозицијата дека прави „дволичен напор да го заштити Националниот театар“.

Рама притоа покажа писмено барање испратено до Љуљзим Баша кога тој беше градоначалник на Тирана, а кое се однесува на приватизација на театарот.

– Еве едно писмо од Флорион Мима, кое го испратил до Љуљзим Баша, кога беше градоначалник на Тирана, со кое бара приватизација на Театарот во корист на пратеникот Астрит Велиај. Се бара приватизација за изградба на објект со продавници и спални соби. Со ова се потврдува вистинското лице на Баша. Овој објект не може да се нарече театар или споменик на културата. Ќе го изградиме најубавиот и најмодерниот театар во регионот. Ќе продолжиме да одиме напред и да ги срушиме сите овие бариери што се издигнуваат меѓу нас, рече Рама.

Што се однесува до обвинувањата на Баша за рапидниот раст на криминалот во Валона, Рама рече дека криминалот во овој град е во постојано опаѓање и оти се она што Баша го кажува е лага.

– Секој кој ги следи бројките може да заклучи каква беше состојбата со криминалот пред пет години а каква е денеска, таа се разликува како ден од ноќ. Се разбира  не е сончев ден, но тоа е ден, а не ноќ, изјави Рама.

Додека се одржува седницата, на која присусутваат само пратениците од владеачкото мнозинство, опозициските пратеници се на средба во Валона, а пред зградата на Собранието се одржува протест на здружението за одбрана на театарот. Се очекува владеачкото мнозинство на денешната седница повторно да го изгласа законот за уривање на Националниот театар, кој еднаш веќе беше изгласан, но претседателот Илир Мета одби да го потпише и го врати на повторно разгледување.

Back To Top