skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Раскинувањето на Договорот за Казандол законито пресуди Управниот суд
На хирургија во Струга заболени девет здравствени работници од морбили
Прво писмо на Асанж по апсењето: Обиколен сум со убијци, не ми даваат да се бранам
Утре на Бихаќка и дебата за промена на кадри во извршната власт
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Рама: Не сакам институционален конфликт, Мета ја изгуби политичката битка

Рама: Не сакам институционален конфликт, Мета ја изгуби политичката битка
  • 12.01.2019

Албанскиот премиер Еди Рама, по речиси целодневни преписки на социјалните мрежи,со претседателот Илир Мета, синоќа изјави дека не сака институционален конфликт на релација премиер-претседател на држава.

Гостувајќи во емисијата „Слободна зона“ на тиранската телевизија „Клан“ премиерот рече дека претседателот Илир Мета е против знаењето и чистотата, со тоа што не се согласил Гент Цакај да биде министер за надворешни работи.

Рама уште со став дека Мета ја загубил политичката битка и е тука  за да го спроведува Уставот.

-Не сакам институционален конфликт. Во овој случај, го прекинав моето молчење затоа што Мета е ангажиран во криминал против знаењето и чистотата. Криминал против момче кое можеби заслужува предрасуди од јавноста, но не и намерно малтретирање од Илир Мета и не негово користење како месо за отстрел против претседателот на Косово и премиерот на Албанија. Со подигнување вулгарни и антиалбански теории дека кој мисли поинаку е национална опасност,е непрпфатлпво-изјави Рама.

Тој посочи дека Илир Мета го прекршил Уставот со Сандер Леши,кога не ја потпишувал уредбата за назначување за министер за внатрешн работи,како  и со непотпшувањето на други закони.

-Мета ја изгуби политичката битка. Ги изгуби изборите и е тука претседател за да го гарантира уставот и националното единство. Не е таму за да дава мислења. Нас не не нтересира што мисли претседателот за даноците, рече Рама.

На прашањето зошто не го разрешува Мета од претседателската функција,Рама одговори дека за тоа е потребно апсолутно мнозинство во Парлементот.Додаде дека претходникот на Мета, Бујар Нишани, заслужува почит токму поради Илир Мета.

-Без оглед на тоа што беше партиска личност не стигна онаму каде што стигна Мета, оцени Рама,обвинувајќи го дека сеуште се однесува како лидер на Социјалистичкото движење за интеграција(ЛСИ).

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top