skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Продолжува комисиската расправа за одземање на имунитетот на Вељаноски
В понеделник оставка од Котевски, но и извештај од истрагата за инцидентите
Манчевски: Неколку дена пред Конгресот на СДСМ ќе биде познат кандидатот за претседател
Осудените за „Диво насеље“ со отворено писмо до Ахмети, Груевски и Мијалков
Мицкоски: Поддршката за Силјановска Давкова е поддршка за правната држава
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Рама: Албанија и Грција имаат историски и традиционални односи

Рама: Албанија и Грција имаат историски и традиционални односи
  • 03.12.2018

За албанско- грчките односи, карактеризирајќи ги како историски и традиционални, но и за подготвеноста за подобрување на релациите на секојдневна основа, говори премиерот на Албанија, Еди Рама за грчката новинска агенција АНА-МПА.

– Тоа е историски и традиционален соседски однос, а како што секогаш се случува со соседите, не е се идеално. Го знаеме ова од нашето соседство, со секој сосед, дали е во село, дали е во град, дали е меѓу земјите, секогаш е исто, истакна Рама.
Тој и се пошегува, истакнувајќи дека тоа целосно може да се разбере „ако гледаш фудбалски натпревар меѓу соседи, тоа е како војна“.

Премиерот на Албанија наведе и дека постои подготвеност за подобрување на секојдневните односи, а како најважно го наведе тоа што не постои непријателство меѓу народите.

– Грците ја сакаат Албанија, Албанците ја сакаат Грција. Останатото е само политика, посочи албанскиот премиер.

Еди Рама на маргините на конференцијата за новински агенции и лажни вести што се одржа во Тирана, за АНА-МПА изјави дека очекува набрзо да се сретне со неговиот грчки колега.

– Се очекува наскоро да се сретнеме. Не знам каде, во Тирана или во Атина, но се очекува набргу да се сретнеме. Се наоѓаме во процес на многу интензивен дијалог и разговори за многу прашања кои опфаќаат многу години, но и други кои никогаш не биле поставени со целосна волја, храброст и одлучност да се решат, наведе Рама во интервјуто и додаде дека „се многу блиску до решение на отворените прашања“.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top